Белградска Црвена Звезда можеби потешко од очекуваното, но сепак славеше победа на гостувањето во Чачак кај Борец со 87-82 во натпревар од претпоследното коло во регуларниот дел на АБА лигата.
Оваа победа на црвено-белите е уште поважна за македонскиот шампион, МЗТ Скопје Аеродром, кој практично со поразот на Борац, сеуште останува во игра за опстанок во АБА лигата.
За да се оствари тоа, најнапред аеродромци ќе мораат пред своите симпатизери да го совладаат составот на Цибона против која ќе играат во петок. Но, потоа повторно ќе чекаат исход од настапот на Борац кој ден подоцна (сабота) гостува во Подгорица кај Будуќност.
Само со таква комбинација МЗТ Скопје ќе го избегне последното место во АБА лигата и директната преселба во второлигашката конкуренција.