Фудбалерите на Ливерпул попладнево од 17 часот и 30 минути го пречекуваат водечкиот тим на табелата Арсенал, во дербито од 30-тото коло од англиската Премиер лига.
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, пред денешното дерби со Ливерпул изјави дека неговиот тим е полн со ентузијазам и дека имаат можност да направат нешто што одамна не го направиле.
„Не можете да ги тренирате играчите во зоолошката градина, а потоа во недела да одите во џунгла. Тоа е невозможно. Мора да ги подготвите играчите. Мора да им кажете со што ќе се соочат и самите мора да го препознаеме тоа. Тимот е полн со ентузијазам и позитивност. Знаеме дека сме пред голем предизвик, но исто така е голема можност да одиме на „Енфилд“ и да направиме нешто што не сме го направиле долги години. Тоа е она што го поттикнува тимот во последните неколку дена“, изјави Артета .
Арсенал е лидер на табелата со 72 бодови само пет повеќе од Манчестер Сити кој вчера го декласира Саутемптон со 4-1.
Ливерпул е осми со дури 10 бодови помалку од Тотенхем, кој е на петата позиција, последна што носи излез на европската сцена следната сезона, па секој нареден загибен бод на „топџиите“ ќе значи и чекор подалеку од настап во евро-куповите.