Ракометарите на Алкалоид ја постигнаа 6.та победа во низа откако вечерва во последниот дуел од 8.коло од Супер лигата плеј оф го победија Тиквеш со 29:26 (17:13). Тимот од Автокоманда последниот пораз го доживеа на 19.февруари во Битола од Еурофарм Пелистер.
По изедначениот почеток на дуелот, во финишот на првиот дел Алкалоид успеа да се одлепи и да поведе со 16:10. Во второто полувреме предоста на избраниците на Кирил Лазаров воглавно се движеше меѓу 4-5 голови, со тоа што на крајот гостите од Кавадарци успеаја да намалат на три разлика 29:26.
Мартин Серафимов беше најефикасен со 7 голови (три од седмерец), а 6 голови постигна Александар Стојков. Кај гостите од Кавадарци најпрецизен беше Арнад Хамзиќ.
На првиот натпревар одигран денеска Пролет – Вардар 18:25.
Табела: Вардар 24 бодови, Еурофарм Пелистер 24, Алкалоид 21, Тиквеш 10, Охрид 9, Бутел 7, Еурофарм Пелистер 7, Пролет 5.
Следното коло на програмата е да е игра в среда.