Екипата на Воска е нов лидер во Втортата лигата откако Вардар загуби на гостувањето кај Беса и ја прекина серијата на победи. Досегашниот лидер Вардар загуби на од Беса со 2:1, иако преку Десниќ „црвени-црните“ поведоа со 1:0. Сепак, домаќинот со головите на Гетаи и Назифи стигна до победата и трите бода и со тоа сега тимот на Беса е во серија од четири победи.
Воска ја надигра Беласица со 4:1, а јунак на дуелот беше Фета, кој во првиот дел постигна три голови.
Непријатно изненадување на своите симпатизери им приредија фудбалерите на Пелистер, кои одиграа 1:1 на гостувањето кај Слога Виница. Убедлива победа постигна Гостивар кој со 5:0 го совлада Тетекс.
Резултати 23.коло:
Беса – Вардар 2:1
Борец – Детонит Јуниор 1:2
Саса Каменица – Кожуф 1:1
Караорман – Охрид 1:0
Гостивар – Тетекс 5:0
Локомотива Скопје – Арсими 0:3
Слога Виница – Пелистер 1:1
Воска – Беласица 4:1
Табела: Воска 56 бодови, Вардар 55, Гостивар 54, Пелистер 47,…