Сабота е резервирана за натпреварите во второлигашката фудбалска конкуренција кај нас.
Денеска на програма се дуелите од 23-то коло.
Вардар ќе ја брка 7-та победа по ред во Втората македонска лига против Беса на гостински терен и ќе се обиде да ја задржи лидерската позиција на табелата.
Овој натпревар вклучувајќи ги и следните два натпревари, на домашен терен со Гостивар и гостувањето во Охрид со Воска спорт, се клучни за црвено-црните во борбата за позициите што носат пласман во Првата лига следната сезона.
Ривалите на вардарци ќе имаат нешто послена задача во оваа рунда.
Второ и трето рангирананите Воска спорт и Гостивар на домашен терен ги пречекуваат Беласица и Тетекс, додека битолски Пелистер гостува во Виница кај Слога.
Сите натпревар ќе се играат попладнево во терминот 15 часот.
ТАБЕЛА
- 1. ВАРДАР 52 бодови
- 2. ВОСКА СПОРТ 50
- 3. ГОСТИВАР 48
- 4. ПЕЛИСТЕР 43
Марио Петровски