Ракометарите на Голден Арт со денешената победа над Вардар Неготино со 36:25 (14:13) избија на првата позиција на табелата во Супер лигата – плеј аут и со тоа го искоистија вчерашниот кикс на кумановчани. Во единствениот дуел денеска од 8.коло од Супер лигата плеј аут лигата Голден Арт до победата стигна благодарение на подоброто второ полувреме.
Најефикасни во победата беа Христијан Милошевски со 7 и Ице Шилегов со 6 голови, а забележителни моменти имаа и голманите Виларов и Даскаловски.
На вчера одиграните дуели: МРК Куманово – Јуниор Кисела Вода 24:24 и Струга – Скопје 2020 31:25. Утре играат: Радовиш и Прилеп.
Утре од 17 часот играат Голден Арт и Вардар Неготино, додека во истиот термин во недела е дуелот меѓу Радовиш и Прилеп.
Табела: Голден Арт 21 бод, МРК Куманово 20, Струга 15, Прилеп 14, Скопје 2020 12, Вардар Неготино 10, Јуниор Кисела Вода 8, Радовиш 2.