Дваесет европски репрезентации играат бараж дуели за Светското првенство во ракомет за жени што од 29.ноември до 17.декември ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка. Дел од првите натпревари веќе се одиграа и фаворитите остварија убедливи победи. Македонија на домашен терен ја пречекува Украина и ова е шанса по подолго време и женската ракометна репрезентација да биде учесник на Светско првенство.
Денеска се играат шест натпревари:
Македонија – Украина (почеток 19 ч.)
Швајцарија – Чешка (15 ч.)
Романија – Португалија (16 ч.)
Австрија – Шпанија (18 ч.)
Исланд – Унгарија (18 ч.)
Италија – Словенија (18:30 ч.)
Утре се игра дуелот меѓу Германија и Грција.
Претходно беа одиграни натпреварите: Словачка – Хрватска 23:25, Турција – Србија 24:33 и Полска – Косово 36:22.
Реванш дуелите се играат во вторник и среда (11-12.април).