Македонскиот тенисер Калин Ивановски заедно со Хрватот Лука Микрут не успеаја да се пласираат во финалето на фјучрсот во Дубровник. Тие попладнево загубија во полуфиналето од првите носители Адам Тејлор (Австралија) и Ерик Ваншелбоим (Украина).
Првиот сет по голема борба и тај брек им припадна на првите носители, кој во „13.та игра“ беа подобри со 9:7 на поени, откако Ивановски и Микрут водеа со 7:6. Во вториот сет Тејлор и Ваншелбоим го направија и единствениот брејк во мечот што беше доволно да се добие сетот со 6:3 и со тоа и мечот со 2-0.