Големото холандско дерби меѓу Феенорд и Ајакс не мина без инциденти.
Полуфиналниот натпревар во Купот на Холандија што се играше во Ротердам, а кој Ајакс го доби со 2-1 и се пласира во финалето, го одбележаа бројните инциденти, не само на теренот туку пред се на трибините.
Уште на самиот старт, мечот беше прекинат, откако домашните навивачи на Феенорд, запалија пиротехнички средства по што се создаде огромен црн облаг од чад, па речиси ништо и не се гледаше на стадионот.
Негативниот резултат што го имаат домаќините и „жешката“ атмосфера на теренот меѓу Србинот, Душан Тадиќ и капитенот на Феенорд, Оркун Кокча, предизвикаа нов инцидент во кој настрада гостинскиот фудбалер Дејви Класен кому му ја раскрвавија главата.