Лидерот на првенствената табела екипата на Струга Трим Лум е единствената од „четворката“ која е во полуфиналето ка Купот на Македонија, што нема настап во завршниот, финален меч. 

Стружани сезонава играат одлично и се на добар пат да стигнат до историски успех односно да го освојат шампионскиот трофеј. Но, во таборот крај Дрим размислуваат и за „двојна круна“.  За остварување на целта тимот на Дуро ќе мора да го совлада минатогодишниот финалист и трикратен победник во Купот, кратовски Силекс.

„Многу важен натпревар за нас. Играме полуфинале и со само деведесет минути можеме до финале, што е целта на овој тим. Но, тоа не значи дека се откажуваме од трката за титулата. Самото тоа што сме во полуфинале, може да се каже дека двете екипи кои што ќе истрчаат на терен се многу квалитетни“, вели тренерот на стружани Шпетим Дуро.

 

Со интересна видео најава стружани се „острат“ за мечот со Силекс што ќе започне во 15 часот, термин во кој ќе стартува и средбата меѓу Шкендија и бранителот на трофејот Македонија Ѓорче Петров.