Екипите на Манчестер Јунајтед и на Њукасл остварија победи на вечерашните натпревари од Премиер лигата.

На „Олд Трафорд“ Манчестер Јунајтед со голот на Маркус Рашфорд дојде до победата од 1:0. Единствениот гол беше постигнат во 27.минута.

Гол шоу имаше на дуелот меѓу Вест Хем и Њукасл, каде гостите победија со 5:1. По два гола постигнаа: Калум Билсон и Жоелингтон, а Исак беше стрелец на еден гол за „црно-белите“, додека Зума го постигна единствениот гол за доашниот тим.

Со вечерашните победи двете екипи ја продолжуваат борбата за пласман во Лигата на шампионите за следната сезона, а воедно и ја зголемија предноста во однос на конкурентите.

Табела: Арсенал 72 бода (29 натпревари), Манчестер Сити 64 (28), Њукасл 53 (28), Манчестер Јунајтед 53 (28), Тотенхем 50 (29), Брајтон 46 (27), Астон Вила 44 (29),…