Македонската тенисерка Лина Ѓорческа по елиминацијата во поединечна конкуренција на фјучрсот во Сплит, продолжува со победи во игра на двојки.
Таа денеска заедно со Вероника Ерјавец од Словенија ги совладаа првите носителки Екатерине Горгодзе (Грузија) и Леире Ромеро Гормаз од Шпанија и со тоа се пласираа во полуфиналето.
Првиот сет има припадна на првите носителки со 7:5 во гемови, а во следниот Ѓорческа и Ерјавец возвратија и го освоија со 6:2.
Во решавачкиот сет на поени Лина и Вероника поведоа со 7:1 во поени, но противничките се вратија и намалија на 7:5.
Сепак македонско-словенечката комбинација сетот го доби со 12:10 на поени.