Дебито на клупата на Баерн го одбележа со убедливата победа над Борусија Дортмунд од 4:2, а потоа новиот тренер на германскиот шампион Томас Тухел доживеа вистински кошмар.
Дебакл.
Неговиот тим прими гол во последната минута од четвртфиналниот натпревар во Купот на Германија и загуби од Фрајбург со 1:2, со што четврта година по ред Баерн остана без можност да се бори за трофејот.
Искусниот стручњак ја презеде целата одговорност врз себе.
„Некое време сум во клубот и немавме доволно време да работиме на деталите, но ако ме прашате кој е виновен за поразот, не се сомневам дека тоа сум јас. Не се сомневајте тоа. Имавме позитивен резултат, ја контролиравме играта, имавме дури и неколку прилики, но не успеавме да ги искористиме, додека ривалот постигна два гола од два шута. Што да се прави, тоа е фудбалот“,
изјави Тухел по натпреварот.
Сега на Тухел и Баерн им останува да водат битка во Бундес лигата со Борусија Дортмунд која заостанува два бода зад Баварците, кои веќе во вторник (11 април) ги очекува и првата пресметка со Манчестер Сити во дербито од четвртфиналето во Лигата на шампионите.