Понеделнички вообичаено се објавуваат најновите тениски рангирања.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го искористи „киксот“ на Шпанецот, Карлос Алкараз, кој не успеја да ја одбрани титулата на Мастерсот во Мајами, па Ѓоковиќ кому не му беше дозволено да настапи на турнирите во САД, без одигран меч се врати на првата позиција на најновата АТП ранг листа.
Шпанецот падна на второто место, а зад нив се Гркот, Циципас и победникот во Мајами Русинот Медведев, кој за една позиција го симна Каспер Руд.
Нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски иако немаше настап минатата недела сепак и тој напредуваше за осумнаесет позиции, па сега Калин го има својот најдобар ранкинг и се наоѓа на 457-та позиција на АТП листата