Вистински дебакл доживеа лидерот во Серија А, тимот на Наполи, откако на домашен терен беа буквално понижени од Милан со 0-4.

Вечерва буквално се беше во знакот на ,,Росонерите” кои уште од самиот почеток играа агресивно и со висок пресинг не му оставија на домаќинот ниту трошка можност да ја развие својата игра.
Таквиот начин на игра вроди со плод во 17. минута, кога Рафаел Леао со фудбалска мајсторија го лобуваше Мерет и донесе предност за гостите од Милано.

Само шест минути подоцна, Алекс Мерет повторно беше немоќен, откако по ударот а Брахим Дијаз, топката се одби од еден од одбранбените играчи и го смени правецот, што го прелажа италијанскиот чувар на мрежата.

Првата вистинска шанса на натпреварот и можност за резултатско враќање, домаќините ја имаа дури во 45-тата минута кога Зиелински одлично шутираше, но Мањан со одлична одбрана го спаси својот гол и предноста од 0-2.

Вториот дел почна изедначено а големи шанси пропуштија најпрвин Жиру за 0-3, а потао и Марко Руи пропушти шанса да го намали резултатот.
Откако Наполи не успеа да се врати, следуваше нов шок за домаќинот, па во 59-тата минута Леао повторно им побегна на чуварите и со хирушки прецизен шут го втор пат вечерва го совлада Мерет.
Кошмарната вечер за Наполи ја продлабочи Сaлемaкерс кој во 67-та минута донесе убедливи 0-4.

Македонскиот репрезентативец Елмас, шанса за настап доби во 69-тата минута, кога натпреварот веќе беше решен, а Наполи не успеа да го загрози голот на Мањан.

Ова е сериозна шлаканица за Наполи во пресрет на четвртфиналната пресметка во Лигата на Шампионите, каде за противник ќе го имаат токму Милан.