Италијанскиот тенисер Јаник Синер е вториот финалист на Мастерс турнирот во Мајами.
Италијанскиот тенисер кој е 11-ти на АТП ранг листата, во полуфиналето со голем пресврт го победи најдобро рангираниот светски тенисер Карлос Алкараз во три сета, со тоа од понеделник Новак Ѓоковиќ се враќа на првото место бидејќи Алкараз ќе загуби 640 поени.
Иако Шпанецот, по 1 час и 20 минути игра го доби првиот сет во тај-брејк со 7-4 нас поени, сепак во продолжението следуваше голем „кам-бек“ на Италијанецот.
Во вториот сет, Шпанецот ги загуби првиот и деветтиот гем на свој сервис, па Синер го доби сетот со 6-4, за израмнување на 1:1. Без малку идентично мина и третиот сет, но овој пат Алкараз доби само два гема, па го загуби сетот со 2-6, за конечен триумф на Синер со 2:1 во сетови.
Со тоа италијанскиот тенисер, се избори за место во големото финале во кое за противник ќе го има Данил Медведев кој претходно го доби руското полуфинале со Карен Хачанов со 2:1 во сетови.
Финалниот меч на програмата е во недела од 19 часот.