Како по одредено сценарио, еднаш домаќините, потоа гостите, а сега пак домашните екипи имаат 100% ефект во натпреварите од Првата кошаркарска лига.

За учинокот да остане перфектен се погрижија кошаркарите на Пелистер кои во Битола, не му дадоа никаква шанса на Феникс да се радува на победа, како што тоа беше случај во Купот на Македонија.

Овојпат избраниците на Марјан Илиевски сериозно си ја сфатија работата и од  самиот почеток, па се до крајот  постојано го контролираа резултатот, за на крајот да слават со убедливи 21 поен разлика 93-74.

Андреј Маслонко одигра брилијантен натпревар. Македонскиот репрезентативец средбата ја заврши со 29 пони на кои придодаде и 8 скокови. Тој беше еден од петмината играчи на Пелистер што средбата ја завршија си двоцифрен број на постигнати поени.

САБОТА
ТФТ МОЦАРТ – СТРУМИЦА 92 – 82
РАБОТНИЧКИ – ЧАИР 83 – 67
ГОСТИВАР – ЕУРО НИКЕЛ 85 – 65
ПЕЛИСТЕР – ФЕНИКС 93 – 74
ПОНЕДЕЛ
МЗТ СКОПЈЕ А. – КОЖУВ 20.30 ч.
ВТОРНИК
АКАДЕМИЈА ФМП – КУМАНОВО 19.00 ч.

# ТАБЕЛА БОД НАТ ПОБ ПОР +/-
1 МЗТ СКОПЈЕ А. 36 19 17 2 311
2 ПЕЛИСТЕР 36 20 16 4 224
3 ТФТ МОЦАРТ 34 20 14 6 142
4 ГОСТИВАР 34 20 14 6 63
5 РАБОТНИЧКИ 32 20 12 8 180
6 ФЕНИКС 31 20 11 9 52
7 ЕУРО НИКЕЛ 31 20 11 9 31
8 КОЖУВ 27 19 8 11 -24
9 ЧАИР 24 20 5 15 -211
10 АКАДЕМИЈА ФМП 23 19 4 15 -220
11 КУМАНОВО 23 19 4 15 -240

ПЛАСМАН ВО ПЛЕЈОФОТ
РАЗИГРУВАЊЕ ВО ПЛЕЈАУТ