Ракометарите на Еурофарм Пелистер рутински без поголеми проблеми стигнаа до нова победа откако во последниот дуел од 6.коло од Плеј офот од Супер лигата го совладаа Охрид со 32:24 (17:8). Со овој триумф битолскиот тим е на втората позиција на табелата.

Победникот беше решен во првиот дел откако по водството од 8:6 битолчани направија серија од 9-2 за најава на нов тирумф. До крајот на дуелот домашниот тим само ја одржуваше предноста, која еднаш беше и двоцифрена (28:18).

Најпрецизни кај победничкиот тим беа македонските репрезентативци Жарко Пешевски и Ненад Костески со по 6 голови, додека на натпреварот најпрецизен беше Ерај Каракоќ со 7 голови.

Табела: Вардар 21 бод, Е.Пелистер 18, Алкалоид 15, Тиквеш 10, Бутел 7, Пролет 5, Е.Пелистер 2 4, Охрид 3.

Натпреварите од следното 7-мо коло се играат во текот на викендот.