Легендата на светскиот ракомет и миленикот на Комити, Веселин Вујовиќ доби нов договор во Иран. Имено Вујовиќ успешно ја води селекцијата на Иран, па на последниот мундијал се пласираше и во главната фаза, што за тамошната федерација е доволно за продолжување на соработката.
Вујовиќ според новиот договор се обврза на соработка до летого 2024 година, кога всушност е крајот на олимпискиот циклус.
Според сознанијата на реномираниот портал „Balkan-Handball. com“, Вујовиќ ќе добие уште една голема обврска во Иран. Имено според пишувањата Вујивиќ ќе седне на клупата на иранскиот клупски првак, екипата на Сепахан. Прославениот балкански стручњак веднаш ќе го започне новиот предизвик, а повеќе детали за договорот не се познати.
Покрај во Македонија, Вујо работеше и како селектор на Србија и Словенија, а водеше и клубови од БиХ и Хрватска. Очигледно дека неговиот темперамент и филозофија даваат резултати.