Искусниот кубански бек Јоел Куни Моралес, кој на синоќешниот натпревар постигна 4 гола во победата на Вардар над Еурофарм Пелистер, и официјално е претставен како ново засилување на ППД Загреб.
Информацијата е потврдена на официјалната веб страна на хрватскиот шампион, на која е споделена и изјавата на 36-годишниот десен бек на црвено-црните.
„Доаѓам во клуб кој долги години е присутен на најголемата ракометна сцена – во Лигата на шампионите на ЕХФ. Моја лична цел е секако да давам максимум на секој тренинг и на секој натпревар и на тој начин да му помогнам на клубот да ги постигне своите цели. Среќен сум и што повторно ќе ја делам соблекувалната со поранешниот соиграч Тимур Дибиров, кој е одличен пример за врвен професионалец и личност која секогаш е подготвена да помогне!“,
изјавил Моралес.
По, Чупиќ, Дибиров и Додиќ, Кубанецот Моралес е четвртиот ракометар кој од Скопје се сели во Загреб.