Требаше да биде ракометен празни „Супер дерби“ ракометниот дуел меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер што се игра во Јане Сандански.
Но, никако да мине барем еден дуел без инцидент.
Имено во 17-тата минута при резултат 6-6, во арената влезе гостинската навивачка група „Чкембари“ кои користеа пиротехника, а дел неа заврши на неутралната публика.
Тоа како да ги предизвика „Комити“ кој пак влетаа на терен и со разни предмети почнаа да фрлаат кон противниците.
Брзата интервенција на полицијата спречи поголем инцидент, а реагираа и ракометарите на двете екипи, пред се легендарниот вардаров капитен Стојанче Стоилов.
По нешто повеќе од 15-минутен прекин мечот продолжи….