По одиграниот меч помеѓу Шкотска и Кипар се одигра и вториот меч од група А, од квалификациите за европското првенство, дуелот помеѓу Шпанија и Норвешка во кој „црвената фурија“ не дозволи изненадување и славеше со убедливи 3-0

Шпанците го отворија резултатот уште во 13-тата минута со голот на Дани Олмо, кој следеше по одлична акција со младиот Балде.

Домаќинот доминираше на натпреварот со далеку повеќе шутеви и шанси во споредба со Норвешка.

Таквата игра беше крунисана со двата гола на Џоселу во завршницата од мечот, кога во рок од 2 минути постигна два гола, и ги постави конечните 3-0 за Шпанија.

Екипата на Де ла Фуенте во вторник (28.03) ќе игра против против Шкотска.