Дерби дуелот од 20.коло во Втората кошаркарска лига го доби лидерот Вардар кој беше подобар од трето пласираниот Работнички.

Во интересен меч во кој двата тима имаа свои добри периоди на играта, вардарци ја добија првата четвртина со 28-17.Но, во втората младиот состав на Работнички, заигра побрзо и со 26-21 ја доби четвртината, а на полувреме домашните заминаа со +6 (54-48), Гостите од „Градски парк“ беа рамноправи до среднината н атретиот период, кој црвено-црните го добија со 27-19, па предноста од +14 (76-62) во последниот период се покажа како решавачка, за на крајот Вардар да стигне до нов триумф со 90-84.

И второ пласираниот тим на Соколи од Штип очекувано славеше победа на гостувањето во Велес кај Борец баскет, додека Ангели го декласира Шкупи со 26 поени разлика.

Утре на програмата се преостанатите три средби од ова коло.

КОШАРКА ВТОРА ЛИГА 20.КОЛО
САБОТА
АНГЕЛИ – ШКУПИ 91-65
БОРЕЦ БАСКЕТ – СОКОЛИ 64-82
ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 90-84
НЕДЕЛА
18:30 ЦРН ДРИМ – МЗТ СКОПЈЕ У.Б.
18:30 ГКК ОХРИД – МКК КУМАНОВО
20:00 ВОДНО САНС – БАСКЕТ КАМ