Трета победа за Алкалоид во Супер лигата плеј оф откако попладнево во салата Автокоманда во дуел од 5.коло го победија Бутел со 22:19 (12:8). Најдобар поединец на дуелот беше голманот на. Алкалоид Благоје Трајковски со 12 одбрани.
Првиот дел мина резултатски нерешено до 25 минута и 8:8, кога домашниот тим со серија 4-0 се одлепи за водство од 12:8. Во вториот дел гостите со трпелива игра ги казнуваа грешките на Алкалоид и изедначија, но имаа и два напада за прво водство кои не ги реализираа. Алкалоид ги консолидира редовите и пак поведе со +4 (21:17) што беше клучно за победата.
најефикасен на дуелот беше Николов од Бутел 7 голови од кои 5 од 7метри, а кај Алкалоид Серафимов постигна 6 сите од пенал.
На дуелот имаше и два црвени картони Василевски од Бутел и Ѓоргиев од Алкалоид.