Екипата на Борец е вториот финалист во одбојкарскиот Куп на Македонија.
На завршниот турнир што се одржува во Радовиш, одбојкарите на Борец направија изненадување и со пресврт во полуфиналето о совладаа фаворизираниот тим на Шкендија со 3:1 во сетови.
Иако првиот сет го доби екипата на Шкендија и тоа убедливо со 25-14, сепак во следните три велешкиот тим беше оној кој доминираше на теренот.
Пресвртот Борец го најави во вториот сет кој го доби со 25-19, во третиот беше и по убедлив со 25-17, а во четвртиот, што се покажа како последен Борец славеше со 25-19, за конечни 3:1 во сетови.
Во сабота 13 часот, на Борец ќе му треба ново големо чудо, за да стигне до трофејот, односно да го надигра топ фаворитот и бранител на трофејот од минатата година Струмица Никоб екипа која во првиот полуфинален меч беше подобра од Универзитет во Тетово.
Утре на програмата се полуфиналните натпревари во женска конкуренција во кои ќе играат
ЈАНТА ВОЛЕЈ – РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ (17.30)
ВАРДАР ЖЕНИ – НАКОВСКИ ВОЛЕЈ (20.00)