Претстојниот викенд, носи дури четири дерби дуели во ракометниот шампионат на Македонија, во двете конкуренции.
Први (во сабота) ќе играат дамите.
Во рамките од второто коло во плејоф конкуренцијата на се играат два дерби натпревари. Првото е меѓу екипите на Вардар и Ѓорче Петров кое ќе се игра на 25 март во 19:00 часот во спортската сала Христо Батанџиев.
Додека Жрк Металург го дочекува вториот противник од плеј-офот екипата на Куманово на домашен терен во спортската сала Автокоманда со почеток од 15:00 часот.
Ѓорче Петров моментално е лидер на табелата со 21 бод, а веднаш зад него е екипата на Чаир со 15 бода, додека Вардар и Металург имаат по 13 бода и се наоѓаат на третото и четвртото место. А Куманово е на петата позиција со 12 бода.
Во машка конкуренција, првото дерби е во сабота во Автокоманда каде Алкалоид ќе го пречека Бутел Скопје во мечот што ќе започне од 18 часот, а во истиот термин ден подоцна (во недела) во Јане Сандански се игра вечното дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер.
Првите три натпревари може да се гледаат во живо на youtube страната на РФМ, а последниот (Вардар-Е.Пелистер) на програмата на МРТ.
Ивона Кимовска