По тешко извојуваната, но апсолутно заслужена победа на Македонија над Малта на стартот од евро-квалификациите, селекторот Благоја Милевски не го криеше задоволството од остварувањето на зацртаната цел, освојување на трите бода.
Иако можеби јавноста очекуваше и поубедлива победа, сепак и минималната 2-1, е добра, но она што го радува селекторот е хемијата која постои меѓу неговите избраници.
Најтешко е да се игра против вакви селекции. А, можевме да победиме и со повисока разлика. Најзадоволен сум од енергијата која ја покажаа момците. Се создаде хемија со нив. Се повеќе личиме на тим каков што сакам. Тоа го покажуваме од собир на собир“,
изјави Милевски по натпреварот.
Инаку нашиот селектор во финишот на мечот заработи црвен картон, за што кратко искоментира.
„Црвениот картон го добив затоа што сум го напуштил ограничениот простор, за што се дава жолт картон, но ете јас бев исклучен“.
Репрезентацијата на Македонија е слободна во второто коло од Ц групата, но овој термин ќе го искористи за нов натпревар и тоа контролен (пријателски) против репрезентацијата на Фарските острови и тоа повторно во Скопје.