Од утре до сабота Радовиш ќе биде домаќин на завршниот турнир на одбојкарскиот Куп на Македонија во двете конкуренции.

Тридневната програма утре ќе ја отворат, мажите, во чија конкуренција трофејот го брани екипата на Струмица Никоб, додека кај дамите кои полуфиналните дуели ќе ги играат во петок, Работнички Скопје е актуелен бранител на пехарот освоен минатата година.

Финалните натпревари во двете конкуренции на програмата се во сабота.

ОДБОЈКА КУП НА МАКЕДОНИЈА
ЧЕТВРТОК
ПОЛУФИНАЛЕ – МАЖИ
СТРУМИЦА НИКОБ – УНИВЕРЗИТЕТ во ТЕТОВО (17.30 часот)
ГОК БОРЕЦ – ШКЕНДИЈА (20.00)

ПЕТОК
ПОЛУФИНАЛЕ – ЖЕНИ
ЈАНТА ВОЛЕЈ – РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ (17.30)
ВАРДАР ЖЕНИ – НАКОВСКИ ВОЛЕЈ (20.00)

САБОТА
ФИНАЛЕ МАЖИ (13.00)
ФИНАЛЕ ЖЕНИ (16.00)