КОМИТИ И ЧКЕМБАРИ СО НЕТРПЕНИЕ ГО ЧЕКААТ ГОЛЕМОТО ДЕРБИТО
Вечното дерби меѓу Вардар и Пелистер ќе има ново поглавје, овојпат ракометно.
Дуелот во недела што ќе се игра во СЦ Јане Сандански секако директно ќе влијае за конечниот епилог, односно трката за шампионскиот трофеј.
Освен на теренот, можеме да очекуваме и пресметка на трибините, бидејќи двете навивачки групи веќе забрзано се подготвуваат, на овој дуел безрезервно да ги поддржат своите миленици.
„Комити“ и „Чкембари“, преку интересни објави ги повикуваат своите членови, да се „мобилизираат“ и да дојдат во Јане Сандански да им дадат поддршка на вардарци и пелистерци.
Издвојуваме дел од најавите (повиците) на двете најпознати и најголеми навивачки групи во нашата земја, од кои очекуваме, интересна кореографија, како фер и коректно навивање.
Ние само ќе додадеме.
Македонија, го сака спортот, Македонија живее за вакви дерби натпревари.
Браво за „Комити“ и „Чкембари“