Ракометарките на Вардар со победа над Деспина се пласираа во полуфиналето на Купот на Македонија.
Натпреварот од четвртфиналната Група 2, започна со по еден гол на двете страни, а дури во 10 минута потоа домаќинот да поведе со 2 разлика за 5-3.
Вардарки чекор по чекор се оддалечуваа, градеа сигурна предност и во 25-минута поведоа со плус 5.
На полувреме екипите заминаа со резултат 17-11 за црвено црните.
Во второто полувреме вардарки не дозволија никакво изненадување. Ја одржуваа разликата и во 38 минута вардарки поведоа со 10 разлика со резултат 23-13.
Гостинките не успеаја да стигнат до крајот на натпреварот, а домаќините само ја зголемуваа разликата и крајниот резултат беше 38-20.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Ивона Трпевска со осум и Магдалена Тошевски со шест, а од поразената екипа Весна Христоска даде шест гола.
Вардар заедно со екипите на Металург, Куманово и Ѓорче Петров обезбеди пласман на завршниот турнир во Купот на Македонија, што ќе се одржи во месец мај.
Ивона Кимовска