Со натпреварот одигран попладнево на стадионот во Автокоманда, во кој Шкеднја славеше над претпоследно пласираниот тим на табелата Скопје, комплетирано е 23.коло во Првата македонска фудбалска лига.

Гостите од Тетово, славеа победа си 2-0 со головите на Аденис Шаља во 22-та минута и Ералдо Цинари 79-тата минута.

Со оваа победа Шкендија, дојде на еден бод помалку од актуелниот првак Шкупи, а пет помалку од лидерот на табелата Струга Трим Лум

На вчера одиграните натпревари три победи забележаа гостинските екипи и тоа.

ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. 0-1
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКУПИ 1-1
ПОБЕДА – СИЛЕКС 1-5
РАБОТНИЧКИ – СТРУГА Т.Л. 0-1

Натпреварите од оваа рунда се одиграа ден порано од вообичаеното бидејќи попладнево селекторот на најдобрата македонска репрезентација, Благоја Милевски ќе ја има првата прозивка, на фудбалерите кои се најдоа на неговиот за стартот на новиот циклус квалификации за Европското првенство 2024-та.

Македонија во четврток ја очекува дуелот со Малта, а потоа и контролниот пријателски меч со селекцијата на Фарските Острови, двата во Скопје.