Ракометарите на Вардар, кои се бранители на трофејот во Купот на Македонија без поголеми проблеми обезбедија пласман во полуфиналето односно завршниот турнир. „Црвено-црните“ по вчерашната победа над Охрид 38:30, попладнево го совладаа тимот на Скопје 2020 со 37:24 (19:12).
Најефикасни кај победничкиот тим беа Јан Чувара со 9 голови, а Марко Мишевски постигна 8 голови.
Покрај Вардар полуфиналисти на Купот на Македонија се уште и екипите на: Еурофарм Пелистер и Пролет 62.
Последниот тим ќе биде победникот од дуелот Алкалоид – Вардар Неготино. Натпреварот е во тек.