Фудбалската репрезентација на Македонија ги почна подготовките за новиот циклус квалификации за ЕП 2024 година. На стартот Македонија ќе игра на домашен терен против Малта, в четврток на „Арената Тодор Проески“. Стартот на подготовките како и редовно е во некомплетен состав, од причина што дел од репрезентативците уште имаат клупски обврски. Но, тоа не беше причина селекторот Благоја Милевски да го одржи и првиот тренинг на комплексот терени на ФФМ.
– Имаме тешка група, но денеска нема аутсајдери во фудбалот. Нема да има лесен натпревар. Ова е нов циклус, а добро е што почнуваме со натпревар на домашен терен. Ќе се подготвиме добро, ние сме фаворити против Малта, но мора сепак добро да се подготвиме и да го дадеме максимумот. Секој прв натпревар е многу важен во еден циклус натпревари, изјави Александар Трајковски.
Репрезентацијата ќе се комплетира во текот на утрешниот ден, а секаоко и следните денови ќе се одработуваат редовните тренизни. Разбирливо сите очекуваат победа и старт со три бодови во овие квалификации. Македонија се наоѓа во група заедно со Италија, Англија, Украина и Малта, а од причина што сме слободни во второто коло од групата во понеделник во Скопје ќе одиграме и пријателски дуел со Фарски Острови.