Капитенот на македонската репрезенација Стефан Ристовски на најдобар можен начин го одбележа последниот натпревар на неговиот клупски колега од клубот и репрезентацијата Аријан Адеми на неговиот последен настап во дресот на Динамо Загреб.
Ристовски го постигна решавачкиот гол на дербито со Ријека на Максимир во 68.та минута за победа на „модрите“ од 1:0.
Во 84.минута тренерот на Динамо, Анте Чачиќ од игра го повлече Адеми за кого ова беше последен натпревар во дресот на Динамо, каде помина 13 години, одигра 373 натпревари постигна 20 голови.
Инаку, Динамо е лидер во хрватското првенство со 59 бодови, пред Хајдук со 50.