ИЗбраниците на Лучано Спалети маршираат по титулата во Серија, откако денес на гостински терен со убедливи 0-4 го победија тимот на Торино.
Двајцата најдобри играчи на Наполи, Виктор Осмине и Квадрасцкелија продолжија да ги ”уништуваат” противничките одбрани.
Првиот стрелец на Серија А, Осимен во деветатта минута го искористи додавањето на Зелински и го отвори резултатот.
Грузиецот Квадрасцекелија во 35-тата минута беше мирен егзекутор на ударот од белата точка за предност од 0-2 на полувреме.
Вториот дел повторно помина во знакот на Осимен и Квадрасцкелија, отатко во 51-та минуа Осимен повторно се запиша во листата стрелци за 3-0.
Грузиецот Квадрасцкелија по голот во првиот дел, сега во улога на асистент повторно учествуваше во гол, откако со добро додавање го пронајде Ндомбеле кој во 68-та минута ги постави убедливите и конечни 0-4.
Ељиф Елмас натпреварот го почна на клупа, а шанса за настап доби во 65-тата минута.