Екипите на Еурофарм Пелистер и Пролет 62 со по две победи ги завршија натпреварите од четвртфиналните групи од Купот на Македонија и со тоа изборија пласман на завршниот турнир што ќе се игра на 14 и 15.мај. Другите две екипи ќе бидат познати по одигрувањето на финалните дуели од другите две групи што се играат во Скопје. Бранителот на трофејот скопски Вардар го пречекува тимот на Скопје 2020. Натпреварот се игра во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17 часот.
Во салата „Автокоманда“ Алкалоид по вчерашната минимална победа над Бутел, попладнево од 18 часот е домаќин на Вардар Неготино.
Во женска конкуренција исто така два од четирите финални дуели ќе се играат во Скопје. Шампионот ЖРК Ѓорче Петров во салата во ОУ „Христо Батанџиев“ е домаќин на Спартак (почеток 17 часот), додека во ОУ „Круме Кепески“ ЖРК Вардар е домаќин на Деспина (почеток 18 часот).
Бранителот на Куп трофејот тимот на ЖРК Металург гостува во Струга кај Стружанка, а почетокот на дуелот е во 16 часот. Во истиот термин во Битола ќе играат ЖРК Пелистер и МРК Куманово.