Тимот предвОден од Антонио Конте наместо сигурна победа на гостувањето кај последнопласираниот тим во лигата, Саутемптон, остана само со бод, откако прокоцна предност од 1-3 и прими гол од пенал во судиското надополнување за конечни 3-3
Натрпеварот почна лошо за и за двата тима, а веќе по 37 минути игра и двајцата тренери беа принудени да направат по две принудни измени поради повреди.
Во целиот тој хаос, Тотенхем беше поприсебен и во 45-татам инута преку Педро Поро дојде до предност од 0-1.
Предноста на гостите ја анулизраше Че Адамс кој само една минута по продолжението на вториот дел откако доби одлична топка во противничкиот шеснаесетник успеа да го совлада Фостер за 1-1.
Овој резултат остана активен се до 65-тата минута кога првиот стрелец на Тотенхем Хари Кејн со одличен удар со глава повторно ја врати предноста. Тотенхем презеде целосна контролна врз натпреварот а со прекрасниот погодок на Иван Перишиќ во 75-тата минута дојде и до предност од 1-3.
Сепак наместо мирен финиш, работите се искомплицираа за тимот на Антонио Конте, па Тео Волкот само две минути подоцна намали на 2-3, а за целосен шок на гостите од Лондон се погрижи Џејмс Вард кој во 93-тата минута мирно го резлириаше ударот од белата точка.
Ова е голем кикс за Тотенхем кој со 49 бода е на четвртата позиција со само два бода повеќе во однос на Њукасл но и два натпревари повеќе.
Од друга страна, овој бод е голем како куќа за Сауптемтон кој води грчевита борба за опстанок и со 23 бода е на последната позиција, со два бода помалку во донос на Евертон и Лестер кој се во сигурната зона.