Екипата на Манчестер Сити продолжува со убедливите победи во куп натпреварите.
Откако во вторникот го победија Лајпциг, попладнево исто така на домашен терен во ФА купот – 1/4 финале го совладаа тимот на Барнли со 6:0 (2:0). Оваа победа значи и пласман во полуфиналето на ФА купот.
Одличната форма и на овој дуел ја потврди Ерлинг Халанд, кој повторно постигна хет – трик.
Халанд беше стрелец на головите во првиот дел 32.ра и 35.та минута. На стартот од вториот дел Халнад зголеми на 3:0 (59.минута), потоа четвртиот гол го постигна Алварез – 62.минута.
На 5:0 зголеми Палмер – 68.минута, а Алварез својот втор гол го постигна во 73.та минута. Македонскиот интернационалец Дарко Чурлинов поради повреда не беше во составот на Барнли.
Утре се играат другите три четвртфинални дуели: Шефилд Јунајтед – Блекбурн (почеток 13 часот), Брајтон – Гримсби (15:15) и Манчестер Јунајтед – Фулам (17:30).
Полуфиналните дуели на програмата се на 22.април на Вембли.