Моменталниот трето позициониран тим во германската, Бундес Лига, Лајпциг претрпе пораз на гостувањето кај Бохум со минимални 1-0. 

За Бохум ова е голема победа  и важни три бода во борбата за опстанок, со оглед на тоа дека тимот води грчевита борба за опстанок, за разлика од нивниот денешен противник кој котира на високата трета позиција на табелата.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Ехан Машовиќ кој во 49 минута по „збрка“ во шеснаесетикот успеа да го матира Блазвиќ, што се испостави како доволен за големи три бода.

Ова е вториот пораз на тимот на Марко Роуз во последните пет натпревари од Бундес Лигата, со што водечките два тима, Баерн и Борусија сега се се подалеку и се чини дека Лајпциг го губи чекорот во борбата за титула.