По одигрувањето на трите први натпревари од четвртфиналните групи од Купот на Македонија, денеска ќе биде ден богат со македонски ракомет бидејќи се играат 14 натпревари, од кои 12 полуфинални и два финални од групите во двете конкуренции.
Распоред на натпреварите според саатница:
12:30 ч. МРК КУманово – Еурофарм Пелистер (група 4 – мажи)
13:00 ч. Радовиш – Еурофарм Пелистер 2 (група 2 – мажи)
14:30 ч. Струга – Тиквеш (група 4 – мажи)
14:30 ч. ЖРК Стружанка – ЖРК Астибо (група 3 – жени)
15:00 ч. Прилеп – Вардар Неготино (група 3 – мажи)
16:00 ч. ЖРК Вардар – ЖРК Шампион (група 2 – жени)
17:00 ч. Вардар – ГРК Охрид (група 1 – мажи)
17:00 ч. ЖРК Скопје – Спартак (група 1 – жени)
18:00 ч. Алкалоид – Бутел (група 3 – мажи)
19:00 ч. Јуниор Кисела Вода – Скопје 2020 (група 1 – мажи)
19:00 ч. Пролет – победник Радовиш/Еурофарм Пелистер 2 (група 2 – мажи) финале
19:00 ч. ЖРК Чаир – ЖРК Ѓорче Петров (група 1 – жени)
19:00 ч. ЖРК Овче Поле СУ – ЖРК Металург (група 3 – жени)
20:00 ч. победник МРК КУманово – Еурофарм Пелистер – победник Струга – Тиквеш (група 4 – мажи) финале
Утре ќе се одиграат шест финални натпревари од четвртфиналните групи, по кои ќе бидат познати екипите кои на 13-15.мај ќе играат на завршните турнири во Купот на Македонија.
Пехарите ги бранат Вардар кај мажите и Металург кај жените.