Екипите на Олимпијакос, Реал Мадрид и Монако ја продолжуваат трката за првата позиција на табелата, во регуларниот дел од сезона во Евролигата. Трите тима забележаа победи во натпреварите од 29-тото коло.

Лидерот Олимпијакос славеше тешка победа на гостувањето кај Жалгирис со 74-72 и тоа со кошот на Везенков на 6 секунди пред крајот.

И Реал се изнамачи, па речиси идентично на домашен терен во Мадрид ја доби пресметката со Армани Милано со 91-87.

Вечерта исполнета со драматична завршница ја комплетираа кошаркарите на Валенсија кои со кошот на Харпер на 3.десетинки пред крајот го победија Фенербахче со 82-80.

Трето рангираниот Монако мина лесно во дуелот со Виртус Болоња екипа која пред својата публика ја совлада со 81-68.

Од фаворитите, потклекна актуелниот шампион Анадолу Ефес кој во Истанбул загуби од Партизан со 97-84.

Вечерва на програмата се последните две средби од ова коло, во кои Барселона со евентуална победа над Црвена Звезда ќе се врати на третата позиција на табелата, односно германската пресметка во Минхен каде Баерн ја пречекува берлинска Алба.