Тимот од Бергамо покажа дека не заборавил да победува и со пресврт дојде до победа против Емполи и важни три бода.
Гостите први зададоа удар и тоа преку Ебухеи во финишот на првото полувреме кој ги расплака домашните навивачи и донесе предност за Емполи од 0-1 на полувреме.
Ваквиот епилог беше доволна причина избраниците на Гасперини да тргнат со сите сили во офанзива во вториот дел. По 14 минути игра, во 59-тата минута одлично изработена акција, Мартен Де Рон ја круниса со гол и изедначување.
Гасперини сакаше целосен плен од натпреварот а за таа цел во 76 и 79 ги уфрли речиси сите офанзивни играчи на клупата за резерви. Токму резервистот Хојлунд во 86-тата минута донесе целосен пресврт на натпреварот и водство од 2-1, резултат што на крајот се покажа и како конечен.
За ,,Божицата” од Бергамо ова е прва победа во последните пет натпревари, со што Аталанта се врати во борбата за место во Лигата на Шампионите.
Избраниците на Гасперини сега се на шестата позиција со 45 бода, веднаш зад рома со 47, Милан со 48, Лацио со 49 и Интер со 50.