Радовиш ќе биде домаќин на завршниот турнир во одбојкарскиот Куп на Македонија.
Четирите екипи во женска и машка конкуренција кои се изборија за настап на завршницата, за трофејот во Купот на Македонија ќе се борат од во Радовиш од 23 до 25 март.
И во двете конкуренции во полуфиналето ќе има по еден дерби дуел, односно вториот во кој екипата важи за апсолутен фаворит.
Први ќе настапат мажите и тоа на 23-ти (четврток) за кога се закажани дуелите меѓу бранителот на титула, Струмица Никоб и Универзитет во Тетово, додека во второто полуфинале ќе се сретнат ГОК Борец и Шкендија.
Во женска конкуренција три екипи се кандидати за пехарот, а среќа на денешната ждрепка имаше Наковски волеј кој во полуфиналето го доби тимот на Вардар жени – (финалистот од 2021-година). Поинтересно се очекува да биде во пресметката меѓу последните два освојувачи на трофејот ланскиот Работнички Скопје и Јанта волеј кој триумфираше годината претходно.
Дамите полуфиналните натпревари ќе ги играат на 24-то (петок), додека финалните натпревари во двете конкуренции на програмата се на 27-март во сабота.
Сите натпревари ќе бидат емитувани на Македонската телевизија.