Македонија на 23 март со дуелот против Малта ќе го започне новиот циклус на квалификации за Европското првенство што ќе се одржи во 2024 година.
Селекторот Благоја Милевски денеска го објави поширокиот список на фидбалери кои ќе конкурираат за тимот и дуелот со Малтежаните во Скопје.
За разлика од последниот натпревар против Азербејџан, во тимот се враќа Аријан Адеми, а повратник е и Владица Брдаровски, додека свое деби за сениорскиот тим ќе има Давор Здравковски од АЕЛ Лимасол.
Поради повреда ќе го нема и Никола Серафимов, а Милевски реши да ги изостави Стефан Спировски и Бобан Николов, поради слаба минутажа во клубовите.
На списокот на Милевски се следниве фудбалери.