Познати се двојките за полуфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија.
Денеска со ждрепка во ФФМ бе одредени паровите полуфиналето, во кое бранителот на титулата екипата на Македонија ЃП за противник ја доби тетовска Шкендија додека лидерот на првенствената табела Струга Трим Лум ќе игра против повеќекратниот освојувач на трофејот Силекс.
Полуфинале, Куп на Македонија:
Струга ТЛ – Силекс
Шкендија – Македонија ЃП
Натпреварите од полуфиналето ќе се играат на 5 април, а финалето вообичаено е кон крајот на месец мај.