Екипата на Кожув забележа победа над ТФТ Моцарт во натпреварот од 17-коло на Првата кошаркарска лига, што се одигра во Гевгелија.
Уште од самиот почеток домаќините најавија дека се решени двата бода да ги освојат тие, па откако ги добија првите две четвртини 19-17, 23-16, на полувремето заминаа со предност од 42-33.
Гостите од Скопје, добивајќи ја третата четвртина со 26-20, во последната влегоа со само три негатива (62-59), а веднаш потоа и израмнија (62-62), а подоцна и 67-67.
Сепак ТФТ немаше доволно сила да направат комплетен резултатски пресврт па Кожув славеше со конечни 82-72.
Американецот, Гордон со 32 поени беше најзаслужниот за овој триумф на гевгеличани вкупно осми, со кој се зацврстија на осмото последно место што носи во разигрувањето, со четири победи повеќе од Куманово кој во овие моменти го игра мечот со МЗТ Скопје Аеродром, а на полувремето кумановци водат со 41-40.
Колото ќе биде заокружено утре (од 18 часот) со средбата Чаир – Пелистер.