Ако во прволигашката конкуренција речиси однапред се знае кој кого ќе победи, во второлигашкото друштво, не може да мине ниту една рунда, а победникот барем на еден натпревар да не се решава во последните секунди.

Пред две кола Водно Санс со звукот на сирената ги победија Соколи, но овојпат, среќата не им беше наклонета, па „драмата“ во малата сала во СЦ „Борис Трајковски“ заврши со „хепи-енд“ за Куманово.

Дуелот од 18-тото коло донесе интересна кошарка, многу пресврти, убави потези на двете страни, а кулминираше во последната секунда.

Откако воведниот период го добија гостите со 23-28, во вториот Водно Санс беше подобар па имаше и +10 ќ, но Куманово се врати во игра и на полувремето се замина со резултат 45-43 за домаќините.

На стартот на вториот дел гостите успеаја да стигнат до израмнување 45-45, но Водно повторно се одлепи, ја доби четвртината и во последните 10-минути влезе со предност од 4 поени 66-62.

Кумановци отворија со серија 10-0 и поведоа со 72-66, за Водно осново да се врати во игра и на 2:30.минути на семафорот на стојат израмнети 78-78. Така беше се до самиот крај кога гостите н 8.десетинки реализираа кош, а конечни 78-80 за Куманово.

Со оваа победа, МКК Куманово се проби на петтото место на табелата, потиснувајќи ги Охрид и Водно Санс за една позиција.

Со две победи повеќе од кумановци, пред нов се Ангели кои во ова коло го загубија дербито со Соколи кои имаа „скор“ 13-5, како и трето пласираниот Работнички кој вечерва во последниот меч од оваа рунда славеше на гостувањето во Велес.

ВТОРА ЛИГА – 18.КОЛО РЗЕУЛТАТИ
НЕДЕЛА
ВОДНО САНС – МКК КУМАНОВО 78-80
БОРЕЦ БАСКЕТ – РАБОТНИЧКИ 68-81
САБОТА
АНГЕЛИ – СОКОЛИ 75-82
ВАРДАР – ЦРН ДРИМ 116-62
ОХРИД – МЗТ СКОПЈЕ У.Б. 75-82
ПЕТОК
БАСКЕТ КАМ – ШКУПИ 67-81

На четири кола до крајот на регуларниот дел сигурни патници во плејофот се, Вардар, Соколи, Работнички и Ангели, додека Баскет Кам и Црн Дрим ќе се преселат во третолигашката конкуренција.


ОСУМ (8) ЕКИПИ ОБЕЗБЕДУВААТ ПЛАСМАН ВО ЧЕТВРТФИНАЛЕТ