Вечното „белградско дерби“ меѓу Партизан и Црвена Звезда им припадна на црно-белите кои во последниот натпревар од 21-то коло на кошаркарска АБА лига славеа со 92=81.
„53-то вечно дерби“ се одигра во фантастична атмосфера во „Шарк Арената“, а започна со одлична игра на Црвена Звезда која во првата четвртина создаде 11 поени предност (24-23), а во финишот на втората да имаше и +20 (24-44).
Сепак Партизан не се предаде, напротив. По негативата од 8 поени (58-66) на две минути пред истекот на третиот период црно-белите направија неверојатна серија до 18-0 и на шест минути пред крајот тие поведоа со 10 разлика (76-66)
Од тој момент па се до крајот на мечот партизановци беа оние кои ја контролираат играта и резултатот о заслужено славеа победа со конечни 92=81.
Најефикасен во победничката екипа беше Лесор со 27 поени, додека Ледеј придодаде 17.
Со овој триумф црно-белите ја намалија негативата на три победи помалку од Црвена Звезда па сега во меѓусебните дуели резултатот е 28:25.
Партизан со оваа победа се зацврсти на првото место на табелата сега со скор 19-2, а црвено-белите се на 17-3, но имаат одиграно еден натпревар помалку од ривалот.