Македонската ракометна репрезентација вечерва од 18:30 часот го игра вториот дуел од квалификациите за Европското првенство 2024 со Португалија или натпреварот од 4.коло од групата 1. Денешниот ривал е селекција која пред три дена во Скопје постигна победа од 29:23, но избраниците на и селекторот Кирил Лазаров најавуваат борба на дуелот во Матосињос.
Натпреварот во Скопје покажа низа слабости во нашиот тим, но и тоа дека денешниот ривал знаеше да ја искористи предноста што ја имаше пред се на пикерската позиција. Како и да резултаот од денешниот дуел нема во многу нешто да решава за конечниот исход на табелата особено што Португалија и пред почетокот на квалификациите беше фаворит број 1 во групата.
За нашата репрезентација која овие два дуела ги игра без неколку играчи (Талески, Манасков, Пешевски, Танкоски, Георгиевски) ќе останат последните два дуела од групата кон крајот на месец април за потврда на второто место и учеството на Европското првенство. Во натпреварите тогаш против Луксембург на гости и со Турција во Скопје, Македонија ќе ја има улогата на фаворит и освен триумф на тие дуели се ќе биде лош резултат.
Покрај натпреварот Поругалија – Македонија од групата 1, денеска се игра и натпреварот меѓу Турција и Луксембург (почеток 15 часот).