Никола Ѓоргиев капитенот на сениорската репрезентација на Македонија со својата екипа Љубљана е освојувач на Купот на Словенија.
Ѓорѓиев и Љубљана одиграа неверојатен натпревар во финалето против екипата на Калцит Камник која ја добија по пет максимални сетови со 3:2.
Откако го загубија првиот со 24-26 во следните два Ѓорѓиев и соиграчите ги решија во своја полза со 25-22 и 25-23. Противникот се избори за решавачки пети сет откако четвртиот го доби со 22-25.
Во петтиот сет, по голема борба Љубљана славеше со 15-10 и стигна до трофејот во Купот на Словенија.
Со тоа Ѓорѓиев ја збогати својата колекција на освоени трофеи со речиси најголемиот дел од екипите за кои настапувал.
Тој ќе ги предводи нашите одбојкари на Европското првенство што ќе се одржи на крајот на месец август, а една од групите ќе се игра во Скопје.